01.06.2022 Скопје
Со почеток на новиот месец, граѓаните на Северна Македонија ќе се соочат со нов ценовен шок.
Цената на основните прехранбени продукти ќе поскапат, затоа што Владата не го продолжи рокот на траење на одлуката за 0 % ДДВ за основните прехранбени продукти, во време на огромно поскапување на цените и големата двоцифрена инфлација.
Лебот, белиот шекер, брашното, маслото од сончоглед, млекото, оризот, јајцата ќе поскапат за најмалку од 5%, платите се целосно обезвреднети во ова време на економска криза.
Подготвено од М.Н.