https://www.flickr.com/photos/prachatai/49730567717/in/photolist-2iLwack-2j7C7Tk-2j7C7K9-2j7AFfs-2iHM3tD-2jKZ4pt-2j7y7X2-2jVZhX4-2iNzf8e-2jMQ4hZ-2iHWA6V-2iHnbjT-2iKrLH2-2mYtmHG-2iQkWoL-2jFGLG9-2j6pnV2-2j7y7u8-2iX8itV-2iU14Dp-2iVY96s-2iSMYyy-2iFYbWW-2jXaSAe-2iMgteC-2iXX7NL-2j7y7qR-2iRwi4T-2iRc17A-2j7C7X3-2j7y7DS-2j7y7zZ-2iVY9J9-2m8JwUy-2iWAskM-2iP1SK1-2iG6WQE-2iRVGFR-2iNxQZX-2iYcDiG-2iGbcuk-2iMMQrv-2iL71Lk-2jo96Xh-2kjF5Xj-2k7BYry-2kzEfKc-2j2Bfoc-2iHymUC-2iHVq6S

12.06.2022 Скопје

Дали летото може да донесе нов бран и нови соеви на Омикрон е дилема за научниците.

Засега е познато дека новите соеви на Омикрон ВА.4 и ВА.5 се сметаат одговорни за зголемување на бројот на заразени во неколку европски земји. Во последно време, забележано е зголемување на бројот на заразени и има се повеќе случаи на зарази со новите омикронски субваријанти.

Во Франција, ВА.4 и ВА.5 постепено доминираат, а слична е и ситуацијата во Германија и Обединетото кралство.

Експертите велат дека за ваквиот развој придонесува олеснувањето на мерките за јавно здравје и посочуваат дека двете најнови подваријанти се шират многу побрзо од претходните.

Засега нема докази за оваа теорија и за зголемена загриженост од подваријантите на Омикрон, но епидемиолозите велат дека е премногу рано за попрецизни податоци.

Подготвено од М.Н.

About Author