24.06.2022 Скопје
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека невозможно е да се нормализираат односите меѓу Европската Унија и рускиот претседател, Владимир Путин.
Лајен изјави дека санкциите воведени кон Русија го отежнуваат обновувањето на нормалните односи и комуникација со Путин.
Додека пак, Путин го обвина Западот дека ги игнорира основните принципи на светската економија, што дополнително ги влошува глобалните економски проблеми, како во зголемената невработеност, така и во деловната активност.
Подготвено од М.Н.