18.06.2022 Скопје
Во текот на неделата, Советот на министри на Бугарија донесе непромислена одлука, а тоа е секој предлог од Брисел да се испрати до Националното собрание и тоа да донесе одлука на предлогот.
Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, која е вицепремиер и министер за економија, го повика бугарскиот претседател, Румен Радев, да престане со шпекулациите за Македонија, бидејќи така го користи патриотизмот на Бугарите и сака да добие рејтинг, а тоа е многу подло.
Нинова, на својот фејсбук профил, напиша дека Радев со својот залажувачки став ги доведува во заблуда Бугарите, но никогаш нема да го предадат бугарскиот национале интерес. Во нејзиниот статус се обрати и директно до Радев, каде што напиша „кога велите нека го прават тоа политичарите, не заборавајте дека и вие сте политичар и тоа еден од првите, претседателе“.
Подготвено од М.Н.