10.06.2022 Скопје
Штетите по синоќешното невреме и силниот град, кое што го зафати Неготино се големи. Според проценката на лозарите, штетите се движат од 40 до 100 отсто.
Регионот преживува од лозарството и дел од насадите биле осигурани, но поголемиот дел не.
Од општина Неготино изјавија дека земјоделците секогаш ја имаат нивната поддршка и ќе излезат на терен за да утврдат во кои месности има штети на насадите.
Подготвено од М.Н.