10.06.2022 Скопје
Минатиот месец, Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО, бидејќи Русија изврши напад врз Украина, но нивното членство беше запрено, откако Анкара ги обвини дека ги поддржуваат и обезбедуваат засолништата за курдските милитанти и другите групи, кои Турција ги смета за терористички.
Заменик – генералниот секретар на НАТО изјави дека не гледа воена закана за Финска и Шведска, од страна на Русија и дека тие ќе се приклучат кон Алијансата и покрај противењето на Турција.
Мирчеа Јоана додаде и дека овој период треба да се следи со зголемена претпазливост, но не постои реален воен ризик за двете земји.
Подготвено од М.Н.