https://www.flickr.com/photos/european_parliament/52050320224/

29.06.2022 Скопје

Откако Владата на Северна Македонија ги истакна своите црвени линии: јазикот, уставот, протоколот, историјата и истакна дека е подготвена да разгледа нов предлог, доколку таков биде ставен на маса, од Брисел изјавија дека процесот е целосно во раце на Скопје и Софија, а делумно и во Париз, но не се запознаени со нова иницијатива за надминување на овој спор.

Франција претседава со ЕУ до крајот на овој месец, односно уште два дена и ќе биде одржан состанок со амбасадорите на ЕУ во Брисел, но нема информација дали Бугарија и Северна Македонија ќе бидат на дневен ред.

Шансите да се реши овој спор се многу мали, со оглед дека има само уште два дена, а напредок меѓу двете страни нема.

Доколку ситуацијава остане иста во овие два дена, прашањето ќе се префрли кај следното претседателство, а тоа е Чешка од 1 Јули до 31 Декември.

Со оглед на инсистирањето на некои земји членки Албанија и Северна Македонија да одат во пакет, сепак Албанија ќе се обиде да издејствува одвојување од Северна Македонија, но никој не може да гарантира дека Тирана ќе успее да издејствува одобрување за одвојување од Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

 

About Author