06.06.2022 Скопје
Ковачевски, откако повторно се зголемија цените на основните прехранбени продукти и енергенси, изјави дека стоковните резерви се на ниво, кое е пропишано со закон и тековно се менаџираат, со што нема потреба да се активираат, бидејќи нема недостаток на храна и енергенси.
Во однос на цените на производите во малопродажбата, бидејќи бил известен за одредени злоупотреби, изјави дека инспекциите ќе работат на терен и ќе нема никаква селективност во инспекциите и спроведувањето на Законот.
Подготвено од М.Н.