19.06.2022 Скопје
Премиерот Ковачевски изјави дека нема да се коментира францускиот предлог и нема да биде предмет за дискусија, се додека не се усогласи од страна на сите 26 земји членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Франција, која го дава предлогот. Тој додаде и дека Министерството за надворешни работи, согласно со своите надлежности и со пристап на информации, има увид во предлогот, го следат и развојот на настаните во Собранието на Република Бугарија и доколку таму предлогот биде усвоен, ќе биде доставен официјално до Македонија, тогаш нормално ќе биде предмет на анализа и дискусија, споделен со институциите и со јавноста.
Премиерот Ковачевски истакна дека независно дали стои во францускиот предлог или не во врска со декларирање на македонскиот јазик, македонскиот јазик мора да биде чист во преговарачката рамка.
Подготвено од М.Н.