17.06.2022 Скопје
Бидејќи Владата на Кирил Петков остварила неуспех во финансиската и економската политика, ГЕРБ поднесе барање за гласање.
Во вторник ќе има расправа за гласањето и на вонредната седница на дневен ред ќе биде предлог одлуката за изгласување на недоверба на Владата на Петков.
Подносители на предлогот се Десислава Атанасова и група пратеници, по што во среда ќе има гласање за недоверба на Владата на актуелниот премиер Кирил Петков.
Подготвено од М.Н.