29.06.2022 Скопје
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека како одговорна Влада уште од почетокот на својот мандат, носеше антикризни пакети и мерки кои беа оценети како успешни и позитивни.
Ковачевски истакна дека беа превземени мерки и во однос на ограничувањето на цените и во однос на ригорозните и неселективни контроли во малопродажбата и големопродажбата. Исто така, додаде и дека пензиите се зголемија, а тоа го има ветено откако дојде на функција и го оствари, ќе обезбеди и зголемување на минималната плати, зголемување на просечната плата, зголемени додатоци за електрична енергија и зголемени субвенции за инвестиции.
Ковачевски изјави и дека младинската невработеност била 48%, а сега е сведена на 28%, затоа што сите активности кои се направени во однос на гаранциите и во однос на обука и вработување на младите, се во таа насока.
Подготвено од М.Н.