12.06.2022 Скопје
Советникот од кабинетот на украинскиот претседател Зеленски, Михаил Подољак, изјавил дека на украинските власти ќе им требаат околу 300 системи на повеќецевни ракетни фрлачи.
Подољак додал дека околу 90 отсто од загубите во борбите се предизвикани од руската алтилерија, која е значително посупериорна во однос на украинската.
Од украинска агенција наведуваат дека САД од своја страна имаат ветено дека ќе испорачаат најмногу 10 вакви системи на Украина, додека Велика Британија ќе им испрати само три системи на повеќецевни ракетни фрлачи, како првична испорака.
Подготвено од М.Н.