06.06.2022 Скопје
Премиерот Димитар Ковачевски, пред медиумите, изјави да се изнајде решение за отворените прашања меѓу Скопје и Софија и штом ќе се постигне тоа, ќе се сподели со јавноста.
Ковачевски во неговото обраќање кажа дека Франција, како претседавач на ЕУ, ги олеснува разговорите помеѓу двете страни, но досега нема дадено конкретен предлог на маса, којшто ќе каже ова е тој предлог, и сепак Македонија и Бугарија ќе треба сами да се потрудат и да изнајдат решение како соседи, што ќе биде навистина основа за да може да се градат добрососедски односи и да претставува основа за одржување на прва меѓународна конференција за нашата држава со ЕУ.
Подготвено од М.Н.