26.06.2022 Скопје
На граничниот премин Табановце, доцна синоќа, од полицијата и царинската управа фатени се тројца дилери од кои две се жени, во обид да внесат кокаин, хашиш и марихуана во државата. Приведени се А.Г. (40) и Т.Д. (39) од Скопје, и лицето А.Б. (36) од Тетово. Патничкото моторно возило било со Холандски национални ознаки и при претрес во возилото биле пронајдени 204 грама кокаин, наменет за улична продажба, 1 паковање со хашиш и 3 паковања со марихуана, известуваат од полицијата.
Подготвено од М.Н.