https://www.flickr.com/photos/fosim/38180579614/in/photolist-21aTs8q-2ix6sdT-2ix2GW4-EgAoWB-2ix2GSm-2ix5irf-2ix6skX-E8ktd1-2ix2GQY-2ix5iss-2m8MxdN-2m8Wyzk-21aTray-2m8MxkG-JtVNyK-22g7FBx-2m8RLkN-2m8UA52-2m8RLiZ-2m8M4nx-2m8M4cN-2m8M49B-2m8QTBr-2m8QTxD-2m8RLdJ-2m8RL8P-2m8UzMi-2m8QT2U-2m8QTuh-2m8UzEK-2m8UzGZ-2m8W81V-2m8M4h2-2m8QTqE-2m8RKQj-2m8RKFG-2m8M4pr-2m8UzJN-2m8RKNW-2m8QTdF-25nQzHU-DRR7uy-24WcS2U-2m8W7oY-GAJoT4-ZuptUn-21N1E2J-21N1Bwd-2m8W7rZ-HCn7JV

29.06.2022 Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека МВР превзема интензивни мерки во односот на говорот на омраза и тоа е ставено високо на агенда.

Спасовски рече дека во период од Јануари до Мај оваа година, има осум кривични дела, додека во истиот период претходната година, имало 14 кривични дела.

Предизвикување на омраза, раздој и нетрпеливост врз основа на верска, национална, расна или друга дискриминаторска основа, минатата година имало една кривично дело, додека пак годинава нема ниедна таква пријава.

Министерот истакна дека има регистрирано еден настан за загрозување на сигурноста во Тетово и случајот е расчистен. Тој додаде и дека ова е фактичката состојба во однос на постапувањето и сите заедно мораме да придонесеме да се сузбие оваа состојба, пред се во делот на јавноста и јавната свест, додавајќи дека говорот на омраза е најчест на социјалните мрежи.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *