25.06.2022 Скопје
Во засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територија на цела Република Северна Македонија, санкционирани се 292 возачи.
Од вкупните санкции повеќето се изречени за пречекорување на дозволената брзина во населени места, но и надвор од населените места.
За време на акциската контрола на МВР, изречени се уште 158 санкции за други видови на прекршоци.
Од МВР апелираат дека засилените контроли ќе продолжат и упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Подготвено од М.Н.