08.06.2022 Скопје
Од МНР информираат дека согласно појавениот интерес во јавноста, нивната мисија во Њујорк, стапи во контакт со претставници на Секретаријатот на ОН, од каде категорично ги отфрлаат сите шпекулации изнесени во медиумите за наводна внатрешна инструкција во Организацијата на Обединетите Нации, за начинот на користење на терминот – македонски јазик.
Исто така, од МНР појаснуваат дека единствениот референтен документ на ООН за главните обележја и податоци за земјите е UNTERM, со што Секретаријатот на ОН, како и сите негови тела, е обврзан да се придржува и да ги почитува податоците изнесени во UNTERM.
Подготвено од А.Ѓ.