https://www.facebook.com/photo/?fbid=10155433001909850&set=a.292723172891720

25.06.2022 Скопје

Македонското министерство за надворешни работи бара од Софија да го осуди говорот на омраза кон Северна Македонија, како непримерен акт кон соседна пријателска држава.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро ги осуди натписите „Македонија е Бугарија“, кои беа истакнати во Народното Собрание на Република Бугарија, но и беа кажани на собраниската говорница. Таквите пораки се спротивни на европските демократски вредности и Република Северна Македонија очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат говорот на омраза и територијалните претензии кон Северна Македонија, како крајно непримерен акт кон соседна пријателска држава, стои во барањето од МНР.

Подготвено од М.Н.

About Author