https://www.facebook.com/photo/?fbid=402919893830249&set=a.107908936664681

12.06.2022 Скопје

На денешната прес – конференција, Владо Мисајловски, остро го нападна премиерот Ковачевски, бидејќи според македонската јавност Ковачевски го подгази достоинството и дигнитетот на државата.

Тој истакна дека не се понижувачки само зборовите со кои Македонија беше посрамена и навредена на меѓународната средба пред балканските лидери и германскиот канцелар, тука уште поиритирачко е и недоличното смеење на премиерот Ковачевски.

Мисајловски кажа дека за ваквото навредување на својата земја, Ковачевски должи не само извинување, туку и оставка како чин на одговорност за срамот, кој го нанесе на меѓународна сцена. Тој додаде и дека доволно е со порази и понижувања на националното достоинство, само поради амбиција и желба за власт.

Мисајловски потсети дека кога го претставувале како премиер на идна западна Бугарија, Ковачевски воопшто не реагирал достојно за да ја одбрани својата држава, која ја претставува и јавно ги омаловажил и понижил сите граѓани на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author