https://www.facebook.com/photo/?fbid=580238470133734&set=pb.100044427579784.-2207520000..

12.06.2022 Скопје

Меѓународната конференција за дигитализација на судството, под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски, а како домаќин Министерството за правда беше одржана во Охрид.

Министерот за правда на Република Северна Македонија, Никола Тупанчески, во своето обраќање порача дека во време во кое човекот со напредните технологии успеа да стигне до вселената, не треба да се има сомнеж дека државата треба да ги стави технологиите во функција и да бидат до пристап за правдата на граѓаните.

Министерот Тупанчески истакна дека дигитализираното судство е карактеристика на секоја модерна и напредна држава, и би било поефикасно и потранспарентно. Тој додаде и дека со дигиталното судство ќе биде овозможена побрза правда, ќе се намали корупцијата и трошоците во судските постапки, а ќе има и помал број на одложени судења.

Министерот за правда на Република Северна Македонија истакна и дека судењата од далечина веќе стануваат реалност.

Подготвено од М.Н.

About Author