23.06.2022 Скопје
Се очекува европските лидери да одлучат за доделување статус на кандидат за ЕУ на Украина и Молдавија.
Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, во врска со оваа одлука на Европскиот совет излезе со изјава дека таков статус треба да добие и БиХ, бидејќи условувањето на кандидатскиот статус на БиХ со промена на изборниот закон е исто како од Украина да побараат мирна реинтеграција на Крим, тоа е минизам. Заклучи и дека Европската Унија треба да им прогледа низ прсти на Босна и Херцеговина, Албанија, Северна Македонија, која е бездушно уништена и Црна Гора, бидејќи одложувањата испраќаат порака дека никогаш нема да влезат, што потоа создава и отпор кон ЕУ кај граѓаните на тие земји.
Подготвено од М.Н.