18.06.2022 Скопје
Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, го објасни својот претходен избор за рускиот гасовод наместо течниот природен гас со придобивки за индустријата.
Меркел изјави дека германската економија избрала достава на гас преку цевководи од Русија, бидејќи бил многу поевтина опција од течниот гас од Саудиска Арабија, Катар, а подоцна и од САД. Воедно, таа додаде и дека во овој контекст, по склучувањето на договорите од Минск, сметала дека во однос на економијата Северен тек – 2 е прифатлив.
Северен тек – 2 беше целосно поставен, но никогаш не беше пуштен во употреба.
Подготвено од М.Н.