https://www.flickr.com/photos/indeedous/15228324852/in/photolist-pcF9r3-6iXQNM-731KS3-Sg8Vr3-2d1s9Tz-XTymd9-jmJsEF-8TBm48-aD3N4s-oYVK3C-eaVPie-6ndb9f-XVHaoH-6ExrVy-qtVEpe-23MNHhF-2dic96E-51Fro-23MNK4B-2d1s69v-3Xy3Y-jomfwV-QCWs1X-qLioMA-eYLMuD-pv2N6Y-4JR7FB-JJ7ncR-dtAjZd-4XVRC-2e5B6wS-9eexcX-YUeanU-JMYpbY-er3vFr-YVqLkm-AKKAgw-BRRs4Q-ahWhzb-yPjyMG-dx1Ehh-XVHaNF-XTyzLm-erhqfy-XTdrCC-21FuwZy-dx1DW3-dx1E6G-BQRT8J-YSMsiE

08.06.2022 Скопје

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека нема оправдување за „бруталното занемарување на меѓународното право“ во Украина и дека се противи на планот Украина да влезе во НАТО, бидејќи сака да спречи ескалација со Русија, како и дека додека била на функцијата, силно се залагала да се спречи развојот на ситуацијата во Украина од она што е сега и дека не мисли дека не се трудела доволно.

Меркел смета дека војната во Украина, која ја започна Русија, е голема грешка. Таа додаде дека во последните години не е создадена безбедносна архитектура, за да се спречи оваа војна и дека треба да се размисли и за тоа.

Во врска со мислењето на Путин дека Западот постојано ја понижува Русија, таа не го дели истото мислење.

Меркел, што се однесува до нејзиниот денешен живот, смета дека е сосема нормален граѓанин, но сепак мора да биде повнимателна во изјаснувањето за тековните работи, бидејќи смета дека не и е задача да дава коментари од аут.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author