18.06.2022 Скопје
Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека војната во Украина претставува пресвртница на Европската историја и дека рускиот претседател, Владимир Путин, треба сериозно да биде сфатен.
Меркел повтори дека се уште стои зад нејзината одлука кога во 2008 година го блокираше барањето на Украина за влез во НАТО, бидејќи слична акција би предизвикала и тогаш со Русија. Таа истакна и дека Западот треба правилно да работи за опстанок на Украина, но да внимава да не стане дел од директен воен конфликт.
На крајот од нејзиното обраќање, Меркел не ја отфрли можноста да биде посредник во решавањето на конфликтот меѓу Русија и Украина, но не сега, бидејќи од неа се уште не било побарано да интервенира.
Подготвено од М.Н.