https://www.facebook.com/photo.php?fbid=589789849185654&set=pb.100044639310154.-2207520000..&type=3

28.06.2022 Скопје

Инцидентот што се случи на Собраниската комисија за европски прашања, со соопштение и свој став излезе претседателот на Парламентот, Талат Џафери, додека пак меѓу пратеничките групи има меѓусебни обвинувања за случајот.

Џафери соопшти дека е свикана итна координација, на која се поканети сите претставници на политички партии во Собранието.

На координацијата беше донесен заклучок, дека собранискиот деловник ги дава сите можности за работа на Собранието и не е дозволено насилство во било која форма. Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насилство врз претседавачот на Собранието.

Според Џафери, на сендицата на Комисијата се направила голема тензија кога Адеми почнал да фрла со тврди предмети кон пратениците, да крши дел од собраниската опрема и да изговара разни вулгарности кон пратениците и тоа не треба да има никакво оправдување.

Пратеник од опозициската партија изјави дека во Комисијата за европски прашања не се почитува деловникот, но и пратениците, како и јавноста и комисијата е претворена во „Комисија за Див Запад“.

Подготвено од М.Н.

About Author