https://www.facebook.com/bojan.maricikj/photos

28.06.2022 Скопје

Во свое обраќање, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, изјави дека сега е најважно да се потврдат европските вредности, да се сумира она што досега е сработено, и земјите членки конечно да го завршат 18 – годишниот маратон за старт на преговорите на Република Северна Македонија. Воедно, додаде и дека тоа не треба да биде подарок, туку заслужено достигнување на сите генерации, кои го вложија своето време, напор и енергија да ја доведат својата земја до оваа точка.

Пред членовите на Европскиот парламент, Маричиќ кажа дека без разлика на исходот од Француското претседателство, Владата ќе остане посветена на спроведување на реформите и задржување на европскиот курс.

Маричиќ истакна дека во овој период полн со турбуленции, одлуките кои ќе бидат донесени за иднината на Европа мора да го вклучат и регионот како дел од Унијата, мора да се даде јасен план и правец на земјите од Западен Балкан, Северна Македонија веќе се движи кон полноправно членство во Европската Унија.

На крајот, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, упати апел до Европскиот парламент, во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, да се осврнат и да ја издигнат дебатата за европската перспектива на Западен Балкан и да биде во контекст на реформите, кои ќе се случуваат во Унијата.

Подготвено од М.Н.

About Author