13.06.2022 Скопје
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска и утре ќе биде во официјална посета на Брисел.
Како што се наведува во соопштението, Маричиќ со претставници на Европскиот парламент и на Европската комисија ќе разговара за процесот на Северна Македонија за европската интеграција, односно за спорниот процес помеѓу Софија и Скопје.
Посетата на Брисел, вицепремиерот Маричиќ ќе ја искористи и за средба со Илхан Ќучук, бугарскиот европратеник и известувач за Република Северна Македонија во Европскиот парламент, а ќе ја посети и Партијата на европските социјалисти, стои во соопштението од кабинетот на Маричиќ.
Подготвено од М.Н.