13.06.2022 Скопје
Маричиќ на средбата со главниот советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Симон Марду, истакна дека Западен Балкан не само географски, туку и вредносно припаѓа на ЕУ и сите земји членки од регионот треба да станат членки на Унијата, кога ќе ги исполнат условите за тоа.
Маричиќ додаде и дека Република Северна Македонија одамна ги има исполнето сите услови и време е лидерите на ЕУ да покажат лидерство и да ја потврдат посветеноста на Унијата на Западен Балкан и потенцираше дека сега е вистинското време, кое мора да се искористи за почеток на преговорите со ЕУ.
Утре вицепремиерот Маричиќ, агендата во Брисел ќе ја започне со работната група на Советот на Европската Унија за Западен Балкан, по што ќе оствари средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, и координаторот на Европската комисија за Северна Македонија, Марк Јорна, стои во известувањето од кабинетот на Маричиќ.
Подготвено од М.Н.