https://www.facebook.com/photo.php?fbid=445649170897906&set=pb.100063584806133.-2207520000..&type=3

08.06.2022 Скопје

Во неофицијалниот дел на самитот „Отворен Балкан“, гостите од регионот имаа можност да се запознаат со дел од културните знаменитости на Охрид.

Ноќната прошетка почна од Самуиловата тврдина, преку Античкиот театар, Галеријата на икони и Куќата на Робевци. Исто така, гостите беа запознаени и со една од најпрепознатливите техники за изработка на охридскиот бисер, преку традицијата што ја негува охридското семејство Филеви.

Министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, и вицепремиерката и министерка за култура и информирање на Србија, Маја Гојковиќ, беа воодушевени од техниката на создавање на познатиот Охридски бисер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author