02.06.2022 Скопје
Канцеларијата за национална статистика објави дека рекордни два милиони луѓе во Велика Британија страдаат од Ковид – 19 на долг рок.
Голем број на луѓе, кои биле меѓу првите заразени со Ковид – 19 на почетокот на пандемијата, пријавиле симптоми кои траат најмалку две години, додека пак некои имале симптоми најмалку една година. Изненадувачки е бројот околу 1,4 милиони луѓе кои имале долгорочни симптоми најмалку три месеци по инфекцијата.
Како најчести симптоми од кои се имаат пожалено луѓето се замор, отежнато дишење, кашлица и болки во мускулите. Британците велат дека способноста да вршат секојдневни активности е „многу ограничена“ поради постојните последици од Ковид – 19. Новите проценки на ОНС покажуваат дека околу 3,1 отсто од британското население има симптоми кои траат повеќе од четири недели по инфекцијата со Ковид – 19.
Подготвено од А.Ѓ.