21.06.2022 Скопје
Потпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека Литванија провоцира и дека овие провокации ќе ја принудат Москва да реагира на соодветен начин.
Литванија стави забрана за транзит на стока по железницата до Калининградска област, што покажува агресивно однесување, по што Захарова нагласи да ја разберат сериозноста на последиците од забраната.
Литванија се однесува агресивно и ја преминува границата, дури и ги надмина рамките на однесување предвидени со меѓународното право.
Русија размислува да одговори на одлуката на Литванија, иако одлуката би била незаконска и може да има несакани последици за ЕУ.
Подготвено од М.Н.