13.06.2022 Скопје
Слави Трифунов, кој е лидер на бугарската партија „Има таков народ“, во негово обраќање призна дека ја напуштил коалицијата со Петков поради Северна Македонија.
Трифунов вели дека е прекршен коалицискиот договор и според него додека Бугарите не бидат дел од Уставот на Северна Македонија, Софија не треба да попушта за да Скопје почне преговори за членство во ЕУ.
Трифунов истакна и дека треба да се најде начин за да бидат запрени Кирил Петков и Асен Василев, бидејќи нивното однесување е неадекватно и може да донесе само штета.
Подготвено од М.Н.