11.06.2022 Скопје
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Министрите за надворешни работи на земјите – учеснички на Организацијата на Договорот за колективна безбедност усвоија Декларација за принципот на неделивост на безбедноста.
Овој принцип бил дел од основите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), но западните земји категорично ја отфрлија неговата примена во пракса.
Лавров посочи дека на сите им станало јасно дека НАТО не може да одлучува за судбината на Европа, додавајќи дека Москва се уште е отворена за дијалог со ЕУ и нагласи дека „за танго се потребни двајца, а западните партнери сами изведуваат брејкденс“.
Подготвено од М.Н.