https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.instagram.com%2Fp%2FCa5VDwEODhv%2F%3Figshid%3DYmMyMTA2M2Y%253D%26fbclid%3DIwAR0wn6pRinx9IDCranqsaTqAkj4ErocHVT6dFcwbp-Eh6gEf_WwlyxurXds&h=AT3cyGQkI56o4IIuVDHxZlI5ueqF2Q3IwLqe_PLYUnfackQrG37tUXdjNQhQuJ06hotHBv-Gz9veiCGAy5O7pc1rLfi_h3ppZLZmms_kCVAfbmdMkWJRZ9za78dmrh4fLYeI

06.06.2022 Скопје

Сергеј Лавров денеска требаше да пристигне во посета на Србија, но според информациите, причината за неговото отсуство е тоа што Бугарија, Црна Гора и Северна Македонија ги забранија летовите над тие земји.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со амбасадорот на Руската федерација во Србија и според медиумите во соседството, рускиот амбасадор донел и документи со кои ги поткрепува информациите за причината, што го спречила доаѓањето на Лавров.

Како што изјавил Вучиќ, повеќе детали ќе објави во вечерното гостување на една од српските телевизии.

Подготвено од М.Н.

About Author