08.06.2022 Скопје
Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, во Анкара се сретна со турскиот министер, Мевљут Чавушоглу и по средбата одржаа прес – конференција.
Лавров смета дека услов за директна средба меѓу Зеленски и Путин е повторно отворање на мировните преговори и потврди дека она што тој го нарекува руска специјална воена операција се одвива според планот.
Додека пак, Чавушоглу истакна дека планот на ОН за отворање коридор за украински извоз на житарки е разумен и дека потребни се повеќе разговори со сите страни, за да се обезбедат гаранции дека бродовите се безбедни и смета дека средбата со Лавров била плодна и Русија покажала волја повторно да ги отвори преговорите меѓу Москва и Киев, за евентуален прекин на огнот.
Подготвено од А.Ѓ.