15.06.2022 Скопје
На конференцијата ТheachCrunch, основачот на Мајкрософтот, Бил Гејтс, истакна дека трендовите на дигитален имот се темелат на теорија за поголеми будали. Тој додаде и дека тоа може да функционира се додека има доволно „будали“, кои се подготвени да плаќаат повеќе, но откако никој нема да сака да купува, целиот процес се прекинува и ќе следи голем пад на цените.
Гејтс, низ смеа, кажа дека досега не тргувал со криптовалути, бидејќи сепак преферира старомодни вложувања.
Подготвено од М.Н.