https://www.facebook.com/photo/?fbid=445319464264141&set=pb.100063582736486.-2207520000..

23.06.2022 Скопје

Премиерот Ковачевски од Брисел истакна дека францускиот предлог, каков што е во моментов, е неприфатлив за него и за цела Република Северна Македонија и дека неговиот народ мора да се почитува.

Во објавата на премиерот Ковачевски, на неговиот фејсбук профил, стои дека ако во текот на француското претседателство се постигне разбирање за позиците на Македонија, државата ќе биде спремна да се вклучи во разговори. Тој истакна и дека ја користи приликата да им порача на граѓаните на Северна Македонија да бидат спокојни, затоа што никој нема да може без нивна согласност да наметне било какво решение. Од наша страна е направено се, сега на потег е ЕУ.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *