28.06.2022 Скопје
На настан, кој се одржа во Холидеј Ин, каде присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски и за прв пат се појави во јавноста, откако се врати од посетата на Брисел и одбивањето на францускиот предлог, не успеа да им избега на новинарите и медиумите.
Ковачевски изјави дека во моментов нема ништо ново во однос од претходните разговори, до денот кога беше прес – конференцијата во Брисел. Тој истакна дека од страна на МНР се води процесот со Бугарија и тие со своите експертски тимови разговараат со МНР во Бугарија. Откако ќе има прифатлив предлог од двете страни, тогаш ќе се разгледува во нашите институции, но во овој момент, таков предлог се уште нема.
Подготвено од М.Н.