22.06.2022 Скопје
Премиерот Димитар Ковачевски, на својот фејсбук профил, напиша дека цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија, дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка, може да биде прифатливо за предлогот.
Во неговиот статус стои и дека чиста формулација на македонскиот јазик, јасна заштита на македонскиот идентитет, историските прашања, не може да бидат критериуми во преговарачката рамка и каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, доколку се чепнати овие клучни елементи, истиот нема да биде прифатлив за нас.
Ковачевски повтори и дека Владата на Република Северна Македонија формално се уште нема добиено предлог и откако ќе го добијат, за него во решение треба да се консултира со институциите на Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.