https://www.facebook.com/photo.php?fbid=451035047025916&set=pb.100063582736486.-2207520000..&type=3

30.06.2022 Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски, на прес – конференција во Владата, изјави дека имаат план и стратегија и тие даваат резултати. Исто така, додаде и дека ставот за изменетиот француски предлог, кој денеска стигна во Скопје, Владата ќе го соопшти откако за предлогот ќе има широка дискусија во сите институции.

Премиерот Ковачевски истакна дека овој предлог за почнување на преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ, прво треба да ги помине „сите филтри“ во Република Северна Македонија. Тој потврди и дека историските и идентитетските прашања, на барање на македонската страна, во конечниот предлог биле исклучени од преговарачката рамка, но не откри повеќе детали од содржината на документот, кој вечерва ќе биде разгледуван на владината седница.

Ковачевски изјави и дека предлогот е усогласен со бугарската страна и упати благодарност до сите кои биле вклучени во овој процес до сега, исто така упати апел до сите медиуми да се воздржат од шпекулации и да се потпираат на официјални и сигурни информации.

Подготвено од М.Н.

About Author