12.06.2022 Скопје
Богослужбата, која што ја сослужуваат Архиепископот Охридски и Македонски и поглаварот на Охридската Архиепископија, г.г.Стефан и Патријархот на Вселенската патријаршија и Архиепископ Вартоломеј, како чин со кој се потврдува приемот на Охридската Архиепископија во литургиско единство со сите православни цркви, врз основ одлуката на Вселенскиот Патријарх и на Светиот патријаршиски синод на Вселенската патријаршија од 9 Мај, за отстранување на шизмата и за воспоставување на канонскиот статус на Охридската Архиепископија, присутни беа премиерот Димитар Ковачевски и други членови на делегацијата на Владата на Северна Македонија.
Премиерот Ковачевски со изјава за медиумите, кажа дека ова е голем историски ден и упати порака до сите православни верници во целиот свет и сите свештени лица од православниот свет, да ја посетат Северна Македонија, да го посетат Охрид кој е древен град и којшто претставува катедрала на православието.
Подготвено од М.Н.