20.06.2022 Скопје
Новото кошаркарско игралиште со специјална FIBA подлога во ООУ „Ацо Шопов“, беше домаќин на кошаркарски турнир.
Општина Бутел и општина Радишани секогаш ќе бидат главни поддржувачи и покровители на вакви настани. Нешто ново и сосема поинаков викенд во општина Бутел, со содржина на поубав, помодерен, спортски, културен и социјален живот за младите.
На натпреварите учествувале екипите: Кино Влае, Каса бар и Брадрхуд.
Како што информираат од општина Бутел, двата дена биле исполнети со многу забава и дружење, но пред се со врвна кошарка со најдобрите екипи од цела Македонија.
Подготвено од М.Н.