https://www.facebook.com/photo/?fbid=157979656752878&set=pb.100076225323275.-2207520000..

23.06.2022 Скопје

Министерот за здравство, Беким Сали, учествуваше на отворање на Конгресот на федерација на албански лекари во Европа.

Сали изјави дека иако етничката одредница во медицината не е најважен елемент, но сепак му е драго што албански лекари се сообраа околу едно вакво здружение и со голема посветеност помагаат во унапредување на медицината, од кое сите имаат корист.

Според министерот, организирањето на Конгресот на федерација на албанските лекари во Европа, во Скопје е нова можност за нови знаења и да се разменат искуства, а воедно Министерството е отворено за секоја нова соработка што отвара нови перспективи и овозможува квалитет.

Подготвено од М.Н.

About Author