https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3125851897665165&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

22.06.2022 Скопје

Јавно или тајно, повеќе балкански држави испраќаат оружје во Украина, а засега предничат Грција и Словенија. Грција, до денес, е меѓу првите држави, што од крајот на февруари, испратила воена помош во Киев и сега има ветено дека ќе испрати 122 борбени возила на пешадија.

Освен БДП, Грција ветила дека ќе испрати и други видови оружје во поголеми количини.

На списокот е и Словенија, за која до денес се знае дека донирала пешадиско оружје, шлемови, заштитни елеци, а во последната пратка донираше и југословенски тенкови М-84.

За разлика од Грција и Словенија, кои во медиумите ги објавуваат своите намери за испраќање воена помош на Украина, другите земји таа работа ја извршуваат во тајност.

Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија, Романија и Бугарија прифатија да учествуваат во помошта кон Украина, но досега нема информации дали и што поточно е испратено од овие земји во делот од оружјето и воената опрема.

Единствената земја во регионот, која отворено ја отфрли можноста за воено мешање во војната меѓу Русија и Украина, е Унгарија.

Премиерот на Унгарија изјавил дека неговата земја е за финансирање мир, а не војна и одлучно ја одбил понудата да ја снабдува Украина со оружје.

Подготвено од М.Н.

About Author