https://www.flickr.com/photos/brusse/22806905297/in/photolist-AKnmn8-AMFBaD-AoEoxE-AU4tHq-VRGLdV-S9iErL-27C8gxM-2iF7auB-27C8gDP-27C8gZZ-2ibVnAH-2irBc6Q-2irBcac-27C8gAH-2irBPTY-2ehsQ6K-27C8gNM-27C8gVk-2ecNE5o-2cTAqYX-27C8h7c-2ecNE91-2ecNEdE-2ecNE2N-2iEVC27-2iNvozS-2iNaSoN-21KYkJ7-2iMQTSj-2iNsDq1-2iH1Edq-2iLQvYy-2iLzsin-2iDN2oL-2iDQMJt-2iKyKFr-2ecNE77-27C8gHB-2iKyKDC-S9iEsN-2iFNc9K-27C8gTg-2ieWtwe-2irjv59-2iNvowa-2iNvowA-2iNsDox-2iNsDpV-2iN869W-2iGmyCt

19.06.2022 Скопје

Денеска во Владата на Република Северна Македонија е закажана средба помеѓу коалициските партнери, на кој како што најави премиерот Димитар Ковачевски, меѓу другото ќе се разговара и да се реафирмира ставот за одржување на редовни парламентарни избори во 2024 година, заедно со претседателските.

Ковачевски најави и дека целта на оваа средба е да се направи увид на се што е направено во изминатите месеци од формирањето на новата влада.

Ковачевски истакна и дека ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Македонија и усогласување со системот на ЕУ.

Опозицијата, на протестот пред Владата, побараа предвремени парламентарни избори и на тоа Ковачевски додаде дека Владата се труди да обезбеди услови за граѓаните во најголемата криза, а од опозицијата единствено се гледа деструкција и блокирање.

Подготвено од М.Н.

About Author