https://www.facebook.com/%D0%9A%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD-%D0%9C%D0%B8%D1%85%D0%B0%D0%B9%D0%BB%D0%BE%D0%B2-%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0-424506668090970/photos/1164194307455532

04.06.2022 Скопје

Клубот именуван по контроверзниот соработник на фашистите Ванчо Михајлов, на 16 април 2022 година, беше отворен во поранешното Еврејско маало во Битола, во присуство на бугарскиот премиер Кирил Петков, потпретседателката Илиана Јотова и други претставници од бугараскиот државен врв.

Сојузот на борците протестираше поради отворањето на овој клуб во Битола и кажа дека со името што се става на клубот се врши рехабилитација на фашистичката идеологија и се промовира историски ревизионизам насочен кон негирање на НОВ на македонскиот народ.

Пожарот, со кој се изгорени влезната врата и натписот „Ванчо Михајлов“ од Бугарскиот клуб на улица Рузвелтова во Битола, е подметнат рано утрово околу пет часот, со што соседите повикале пожарна и бил изгаснат, па не се проширил врз други делови од објектот. Внатре не е нанесена никаква штета.

Полицијата утрово извршила увид, но засега нема официјална информација за причините.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author