27.06.2022 Скопје
Бугарскиот премиер, Кирил Петков, до кабинетот на Народното Собрание ја поднесе својата оставка.
Владата на Петков беше соборена минатата недела со изгласување недоверба, кое беше на барање на неколку бугарски политички партии.
Во меѓувреме претседателот на Бугарија, Румен Радев, ги започна консултациите со претставници на пратеничките групи за доделување мандат, за да се формира нова Влада во рамка на актуелниот парламент.
Доколку претседателот Радев не успее да се договори за формирање на нова Влада со една од трите партии, ќе мора да го распушти Националното Собрание, да назначи преодна Влада и да закаже предвремени парламентарни избори.
Владата на Кирил Петков беше на власт нешто повеќе од половина година.
Подготвено од М.Н.