https://www.flickr.com/photos/2015handball/15695870203/in/photolist-pUZrnM-rmdhq1-je3ze3-DXvRx2-qXnZPP-qbddtB-qxs3aD-E4Th99-jmQKfS-EnLTJe-EkydXJ-jb4cJV-jfy3ko-Ekyd2f-Ew1dSV-DyBPYa-zmgCPN-DXvPKp-Ew1dyt-EnLTn2-DyBRMF-nzEF9B-EtFHqY-EkyeLN-Dyh9Xd-Dyh61q-EtFG25-EkyeDo-pAypf2-EkyeqY-oU264g-EnLN3z-DyBQQa-E4Tce9-Dyh8Cu-DygCaw-DyBJGP-DyBNBx-EnLMVv-EnLHu6-EvZMpF-DyBFdK-DyBFDV-DXvhpt-EnLNKB-DyBPwP-DygZGQ-EkyaaJ-DyBNkv-EnLMEv

07.06.2022 Скопје

Најдобриот ракометар, Кирил Лазаров, соопшти дека става крај на својата играчка кариера, со што одлуката била тешка за носење, но очекувана.

Со објава на социјалните мрежи, најдобриот ракометар Кирил Лазаров се заблагодари на своето семејство, исто така, упати и посебна благодарност до сите фанови, кои ги имаше во голем број во текот на целата кариера, истите тие знаеја да препознаат тешки ситуации и да му дадат поддршка кога е најпотребно.

Кирил Лазаров соопшти дека оваа одлука за него била тешка да се донесе, затоа што тој, сепак, го работеше тоа што го сакаше, од срце, со многу страст и ентузијазам. Тој додаде и дека со неговата возраст не е воопшто лесно да се игра на високо ниво во клуб со големи амбиции и очекувања, и во лига чија национална репрезентација веќе две децении доминира во светот на ракометот.
Лазаров заминува со гордо крената глава, играјќи за клубови – институции како Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Барселна, Нант. Клубови, градови и земји каде остануваше по минимум пет години, што ја покажува обострано стекнатата доверба со луѓето со кои соработуваше. Лазаров истакна дека довербата се стекнува со многу труд, посветеност, константност и тоа посебно го прави горд.

Лазаров почнувајќи од својот матичен клуб, Овче Поле, преку Борец и Пелистер, полека, со правилни одлуки и цврсто на земја, без никакви илузии, зачекори со Европа.

Во соопштението на Кирил Лазаров, стои и дека многу титули, успеси и разочарувања, подеми и падови, победи и порази, ситуации каде некогаш не се гледал излел, но со многу верба, посветеност и чесност успел да застане на нозе и да продолжи напред понатаму. Тој додаде и дека му е посебно драго што, наоѓал време, желба и страст да биде во служба на нашата национална репрезентација.

Како за крај, соопшти дека неговото мото кое пак ќе го води е – „СЕКОГАШ НА ПОБЕДА“ и дека завршувањето на играчката кариера е само едно кратко довидување од ракометот, неговиот веќе новозапоќнат предизвик е тренерскиот повик и верува дека и тука заеднички ќе се радуваме, тагуваме и надградуваме, поместувајќи нови граници.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author