https://www.flickr.com/photos/yakupkevrek/29539142503/in/photolist-ayDuh4-M1gPWp-4y7VVq-ncB4PN-2jxWzb3-dd6ZFb-7bUoQD-efuKn-2jyfxmk-9Um55o-58sS9Q-2ng36JP-2mcur8A-Pw69s-HBr7bo-2nCA48Q-3c8MpT-5DKsg-2j1gu5L-2ipqCVZ-5tvxpA-6bky7t-e6wgBk-xdp1uf-Nh3ZgQ-3ehXL9-cHkNwG-3DRvoC-yP7JV3-5LRaVM-e938nD-2jBYpDq-4ZmhfL-JB3ivf-9n3kub-2iTZsGQ-HuDPFx-oLXqPv-FiLb6p-2mmzXix-bW79xg-ibjG3Q-2iaNGJC-KLFRhi-2kgQtpt-7MQAHu-HDJ91-adEip2-68nfMd-mtgmD

15.06.2022 Скопје

Медиумите известуваат дека состанокот, којшто беше закажан по предлог од НАТО, помеѓу Турција, Финска и Шведска не се одржал.

Според информациите, целта на разговорите била да се најде решение за проблемот што Анкара не го одобрува влезот на Шведска и Финска во Алијансата.

Турција со откажувањето на состанокот го отфрлува предлогот на НАТО, бидејќи се уште не се спремни за такви преговори и немаат доверба на гаранциите за односите со претставниците на Курдската работничка партија.

Неодамна потпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија ги предупредила Шведска и Финска за можните последици од нивното влегување во НАТО Алијансата.

Подготвено од М.Н.

About Author