14.06.2022 Скопје
Медиумите во Бугарија пренесуваат дека екипата за истражувачко новинарство била нападната во Србија.
Бугарските медиуми за немилиот настан пишуваат дека нападот се случил на патот во селото Караманица, Босилеградско, каде што по луѓето од бугарската телевизиска екипа биле фрлани големи камења со што биле загрозени нивните животи, еден камен удрил во камерата, едно лице се здобило со тупаница во градите, а друго лице било нападнато и му ја искинале облеката.
Контактирана била и бугарската амбасада во Белград, а тимот поднел и жалба до полицијата во Босилеград.
Подготвено од М.Н.